Доколку барате место кое во текот на празниците изгледа како да е направено од шеќер, цимет и снегулки – Краков е вистинската дестинација.
Овој полски град се претвора во зимска разгледница која изнудува насмевки, го грее срцето и прави Новата година да започне баш онака како што треба, со прекрасна атмосфера, добра храна и многу магија.
1. Плоштад којшто изгледа бајковито
Главниот градски плоштад „Rynek Glowny“ во текот на зимата е нешто посебно. Лампиони, светла и дрвца украсени како од бајките, создаваат чувство дека сте прошетале во некој празничен филм.

Тука е големиот новогодишен концерт којшто секоја година привлекува голем број луѓе, но атмосферата останува топла, пријателска и опуштена, баш како во мало европско гратче создадено да шири магија.
2. Божиќен саем којшто мириса на цимет и топло чоколадо
Краков, познат по еден од најубавите божиќни саеми во Европа е местото кое треба да го посетите. Дрвените куќички преполни со ракотворби, колачи, медењаци, греено вино и полски специјалитети ќе направат да посакате да не го напуштите плоштадот со часови.

3. Цени кои нема да „болат“
За разлика од големите европски метрополи, Краков нуди фантастична новогодишна атмосфера по многу пристапни цени.
Хотелите, рестораните, баровите во центарот нудат одлични понуди, па дури и во најлудата ноќ може да уживате без претерано да се потрошите.
Доколку сакате сместување во близина на плоштадот, цените значајно се разликуваат во зависност од типот на објектот.
Најповолната опција се хостелите каде кревет во заедничка соба чини околу 9 до 18 евра од ноќ. Приватните соби и евтините хотели со 2 или 3 ѕвезди најчесто нудат сместување од цена меѓу 33 и 55 евра за двокреветна соба.

4. Совршена комбинација на романтика и забава
Краков е градот којшто еднакво го обожаваат паровите, пријателите и соло патниците. Романтичните улици на стариот град, осветлувањето и музиката од плоштадите создаваат бајковита атмосфера, додека пак клубовите и баровите работат од рано наутро до доцна навечер.
5. Зимски сцени кои го одземаат здивот
Ако имате среќа да заврне снег, Краков станува вистински зимски сон. Замислете да шетате низ стариот град, покрај дворците, додека снегулките лесно паѓаат, сцена која ќе ја паметите цел живот. Овој град назима едноставно блеска.

6. Љубезни домаќини и топла полска кујна
Полјаците се познати по гостопримливоста и топлината, особено во текот на празниците. Нова година во Краков значи кнедли, гулаши, топла супа, колачи од афион и атмосфера која повеќе личи на куќна слава отколку на јавно место.
















