Лапорта потврди продолжување на договорот со еден од клучните играчи во тимот на Флик

Дерби

05/12/2025

13:28

119

Големина на фонт

а а а

Барселона ќе се обиде да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а истовремено раководството решило да го награди Ерик Гарсија со нов договор.

Претседателот Жоан Лапорта потврдил дека шпанскиот дефанзивец останува уште долго на „Камп Ноу“, најавувајќи го и денот на кој официјално ќе биде објавена информацијата.

– Ерик е универзален играч кој може да помогне на повеќе позиции, следниот четврток ќе го претставиме продолжувањето на неговиот договор.

– Во однос на потенцијално засилување, Деко работи напорно, но во моментов не можам да ви кажам кого би ангажирале.

– Внимателно ги разгледуваме сите детали и ќе бидеме подготвени за јануарскиот преоден рок, – рекол Лапорта.

Гарсија сезонава одигра 1510 минути, повеќе од сите други фудбалери на Барселона и со тоа потврди дека е еден од најважните играчи во составот на Ханси Флик.