[ФОТО] Неверојатната сличност поради која на социјалните мрежи вирално се споделуваат мапата на Иран и поранешна Југославија

Точка

09/03/2026

14:08

1.911

Големина на фонт

а а а

Во моментот кога целиот свет гледа кон Иран, една чудна илустрација ги преплави мрежите.

Имено, некој забележал дека обликот на некогашна Југославија многу потсетува на обликот на Иран, а илустрацијата е поставена на страницата „The World in Maps“ како доказ.

„Старата мапа на Југославија неверојатно потсетува на современиот облик на Иран. Иако се оддалечени илјадници километри и имаат сосема различни истории, култури и големини, нивните граници создаваат форми кои изгледаат неочекувано слично“, се наведува во потписот.


„Секако, тоа е чиста случајност“, се додава. „Југославија некогаш го покривала Балканот со земји како Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и други. Во меѓувреме, Иран се наоѓа на Блискиот Исток со уникатна историја која се протега милениуми наназад.“

Сликата на двете мапи брзо се прошири по мрежите и ги разбуди духовите на Југославија, сега во нов контекст.