Судот издал налог за претрес на домот на осомничениот, каде полицијата пронашла уште дрога — овој пат хероин и канабис — како и опрема за трговија со нелегални дроги…
Бегал од полицијата, се забил во друго возило, автомобилите завршиле превртени на кров, тој излегол од превртениот автомобил и тргнал да бега, фрлајќи дрога по пат…
До овие сцени дошло минатата среда во Љубљана, на Шмартинска улица.
На социјалните мрежи се појави и снимка што ја прикажува несреќата. Како што пишува „24ur“, 18-годишниот возач бегал од полицијата на љубљанската обиколница и на крстосница се забил во возило што чекало на семафор. Ударот бил толку силен што двата автомобили завршиле на кров.
Но тоа не го спречило младиот словенечки бегалец. Веднаш излетал од превртениот автомобил и продолжил да бега. Овој пат — пешки.
Набргу потоа полицијата го фатила …
Nesreča in pobeg z nesreče (Šmartinka).. pic.twitter.com/s81sqcirxe
— Mati Tereza (@mati_tereza) November 30, 2025
„При постапувањето е утврдено дека сторителот не поседувал важечка возачка дозвола и дека за време на бегството фрлил ПВЦ-ќесе и чорап во кои имало речиси 60 пакувања кокаин и хероин. Кај осомничениот биле пронајдени и повеќе од 3000 евра готовина со необјаснето потекло. Поради сите утврдени факти, против него беше одреден притвор, а му беше одземено и личното возило“, пишува „24ur“.
Судот издал и налог за претрес на неговото живеалиште, каде полицијата пронашла уште дрога — овој пат хероин и канабис — како и прибор за трговија со нелегални дроги.
„По завршувањето на постапката, на осомничениот му беше укинат притворот, а полицијата продолжува да собира информации за сомневање за извршено кривично дело — неовластено производство и промет со дрога — и за сите сознанија ќе го извести надлежното државно обвинителство“, пишува словенечкиот медиум.











