[ВИДЕО] Ќе биде свежа и мека 5 дена: Грчка пита со спанаќ и фета сирење, се прави брзо и без кори

Кармин

02/12/2025

15:30

236

Големина на фонт

а а а

Доколку сте љубители на печива, покрај вкусот некогаш е важно истите да бидат меки и свежи, а оваа брза грчка пита е спој на сите тие работи.

Таа се подготвува многу едноставно, а благодарение на сирењето, путерот и јајцата ќе биде исклучително мека.

Состојки:

- 2 лажици маслиново масло;
- 290 грама спанаќ;
- 130 грама брашно;
- 1 лажица прашок за печиво;
- 1 лажица сол;
- 250 милилитри млеко;
- 2 јајца;
- 60 грама маргарин;
- 120 грама моцарела;
- 120 грама фета сирење;
- 2 лажици пармезан;
- 2 лажици зачини;
- сол и бибер по вкус;
- 4 млади кромитчиња.


Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени Целзиусови.

2. Загрејте го маслиновото масло во тава, па ако користите младо кромитче, исечкајте го на ситни парчиња и испржете го, а доколку не користите веднаш во тавата ставете го спанаќот, па додадете сол и бибер по вкус.

3. Откако ќе се испржи ставете го на хартија.

4. Во голем сад помешајте го брашното, прашокот за печиво и солта, па додадете ги млекото, јајцата, стопениот путер и добро помешајте.

5. Потоа во смесата додадете го спанаќот, зачините, ренданата моцарела и издробеното фета сирење.

6. Убаво измешајте и ставете ја смесата во сад обложен со хартија за печење или подмачкајте го плехот за печење со маслиново масло, па додадете го пармезанот.

7. Печете околу 40-45 минути во добро загреана рерна, па извадете ја питата и оставете да се излади 15-на минути, пред да ја исечете на коцки и да ја послужите.

На здравје!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk