Ривс откри дека намерно го утнал последното слободно фрлање за да не го засени Дончиќ, Лука шмекерски му одговори

Дерби

01/12/2025

12:15

485

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ и Остин Ривс беа лидери на Лејкерс на уште еден натпревар во НБА лигата и беа најзаслужни за седмата победа во низа, овојпат остварена над тимот на Њу Орлеанс со резултат 133:121.

Импресивниот двоец на „езерџиите“ изгледа се поразирано од натпревар во натпревар и може да се почувствува добрата хемија меѓу нив, но тоа не важи само за случувањата на теренот.

Ривс го заврши натпреварот со еден поен помалку од својот соиграч (33), а по крајот на мечот, посочи дека намерно го промашил последното слободно фрлање за да не го засени учинокот на Лука.

– Намерно го промашив последното слободно фрлање, мора да ја одржиме самодовербата на Лука на највисоко ниво. Нема потреба да постигнувам повеќе поени од него на два меча во низа, – изјави Ривс со насмевка на лицето, а Лука возврати шмекерски на пресот.

– Навистина го ценам тоа од негова страна. Сега ќе одам да разговарам со него и ќе му се заблагодарам, – возврати Словенецот.