Реал Мадрид потврди дека има проблеми со реализацијата во Ла Лига и против Џирона, бидејќи единствениот гол кој го постигнаа „кралевите“ беше оној од белата точка на Килијан Мбапе.
Французинот израмни на 1:1 и Реал направи завршен напор да стигне до три бода, но во обидите да дојде до такво нешто, имаше уште еден спорен момент во шеснаесетникот на домаќините.
Еден од фудбалерите на Џирона имаше контакт со Родриго и се доби впечаток дека има елементи за втор пенал за Реал, но луѓето во ВАР собата очигледно проценија дека допирот е преситен за да се повика главниот судија Де Бургос Бенгоечеа.
Чаби Алонсо дефинитивно не може да биде задоволен од играта на Реал во последно време, меѓутоа тренерот имаше свој коментар и за спорната ситуација која му ја посочиле и асистентите.
– Не ја видов одново акцијата, но ми кажаа дека истата била за проверување од луѓето во ВАР. Постои контакт во акциајта и изненаден сум што немаше реакција од ВАР. Тоа се клучни ситуации кои можат да го одредат текот на натпреварот, – изјави Чаби, кој се осврнал и на играта на Реал.
– Се подобривме во второто полувреме, креиравме повеќе и бевме посигурни со топката. Имавме доволно шанси да победиме, но ни недостасуваше добра реализација. Не победивме, но тука сме, блиску сме до врвот и има уште многу за игра, – изјави Алонсо.





