Купувај во dm и направи добро дело: 5% од дневниот промет во сите dm продавници ќе биде дониран за набавка на прехранбени производи за социјално загрозени сограѓани

Точка

28/11/2025

11:24

89

Големина на фонт

а а а

Денеска (петок, 28 ноември) кога целиот свет е насочен кон пребарувања за намалувања и акции, dm ја спроведува иницијативата Giving Friday повикувајќи ја заедницата на хуманост и солидарност.

Black Friday, светски познат како ден за купување, компанијата dm дрогерие маркт и оваа година го претвора во празник на хуманоста кога, наместо понуда на попусти, ќе донира 5% од дневниот промет остварен во сите dm продавници. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на пакети со основни прехранбени производи за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.


„Во dm веруваме дека малите гестови на добрина можат да прераснат во големи промени. Иницијативата Giving Friday од своето започнување во 2019 година зазема посебно место во dm. Горди сме што на темелите на хуманоста и солидарноста токму на овој ден испраќаме симболична порака дека треба да бидеме тука еден за друг, истовремено пружајќи помош на оние на кои им е најпотребна. Затоа, со голем ентузијазам ги повикуваме нашите сограѓани да се приклучат во нашата акција Giving Friday и со купување во dm продавниците заедно да им помогнеме на оние кои се најмногу зависни од нашата поддршкa“ – изјави Кристина Дуранска, менаџер на маркетинг и комуникации во dm.

Иницијативата Giving Friday, dm дрогерие маркт ја започна во 2019 година под слоганот „Giving is the new black“. Во изминатите шест години преку оваа иницијатива dm донираше повеќе од 2 милиони денари во здравствени институции и здруженија за поддршка на социјално загрозени сограѓани. Неколку години по ред оваа донација е насочена кон обезбедување на пакети со храна за поддршка на хуманитарните организации „Ајде Македонија” и „Свети Спас“ преку кои се поделени повеќе од 1.500 пакети со основни прехранбени намирници.


Комерцијален текст