[ФОТО] АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

A1ON.MK

27/11/2025

20:06

716

Големина на фонт

а а а

Учениците сместени во средношколскиот интернат во Скопје, Здравко Цветковски ГУЦ секој ден добиваат на менито бубашвваби-некогаш за доручек, некогаш за ручек, некогаш за вечера. Постојат десетици случаи документирани со фотографии каде им се сервираат бубашваби.

Ги има во оброците за ручек, но често и внатре испечени во пецивата од позната скопска пекарница. Најсимптоматично е што ова трае повеќе од една година, пријавувано е неколкупати во АХВ, праќани се инспектори во интернатот и ништо не е сменето.


Доколку надлежните институции не преземат соодветни дејствија, во следниот напис А1он ќе ги објави и пекарницата од која се праќаат пецива со бубашваби и инспекторите со име и презиме кои не преземаат ништо, а имаат добиено пријави неколкупати досега. Одговорност треба да си понесат и надлежните за интернатот кои се запознаени со случајот десетина пати и кои не преземале ништо да спречат малолетните деца да се хранат со бубашваби и со тоа да се изложени на опасност.


Деца од интернатот тврдат дека оброците ги избегнуваат, и наместо да јадат во мензата за која плаќаат, принудени се парите да ги трошат за купување храна во Скопје што за нив е скапо. Тие се жалат дека инспектори од АХВ биле во мензата откако ги повикале, но никогаш ништо не се сменило.