[ВИДЕО] Луда ситуација во Лига Европа: Иско доби седум конци на ногата поради старт од соиграчот Амрабат

Дерби

28/11/2025

08:51

178

Големина на фонт

а а а

Иско Аларкон првпат беше стартер на официјален натпревар по пауза од шест месеци, но искусниот играч за врска издржа на теренот само десет минути.

Причина за тоа е еден бизарен инцидент кој го режираше неговиот соиграч Софијан Амрабат, а за да биде работата уште потешка, и Мароканецот заработи повреда од споменатиот дуел.

Дефанзивниот играч за врска реагираше доста неспретно и го шутна својот соиграч со сета сила, па откако го испрати Иско предвреме во соблекувалната, пет минути подоцна и самиот тој побара измена.

Ова се исклучително лоши вести за тренерот Мануел Пелегрини во пресрет на дербито со омразениот ривал Севилја, бидејќи искусниот стручњак порача дека и двајцата ќе ги нема на располагање.

– За жал, Иско нема да може да ни помогне во недела против Севилја. Доби седум конци на ногата и ќе му треба време да се опорави. За жал, надвор од комбинација ќе биде и Амрабат, – изјави Пелегрини.

Инаку, Бетис својот натпревар од Лигата на Европа го играше против тимот на Бетис, па и покрај несреќата, успеа да победи со 2:1.

Видеото погледнете го ТУКА.