САД објавија нови детали за нападите врз иранските нуклеарни постројки во јуни, истакнувајќи ја клучната улога на Ф-35 во пробивањето на иранската противвоздушна одбрана во операцијата „Полноќен чекан“. Нападнати биле објектите во Фордо, Натанз и Исфахан.
Ф-35 ги неутрализирале ПВО-системите и овозможиле коридор за бомбардерите B-2 и F-22. Иран следниот ден испукал балистички ракети кон американска база во Катар, без жртви.
Американските команданти наведуваат дека операцијата ги потврдила клучните способности на F-35 и дека искуствата ќе се користат за идни операции, особено во Индо-Пацификот







