Републичкиот геодетски завод објавил податоци за најскапите недвижнини кои се продадени во првото полугодие од 2025 година во Република Србија.
Републичкиот геодетски завод објавил дека во првото полугодие на 2025 година најскапиот станбен квадрат во Србија е продаден за 9.805 евра и тоа во рамките на луксузниот проект Белград на вода.

На истата локација забележана е и највисоката вкупна цена за стан во тој период, а еден стан бил продаден за 1,8 милиони евра.
Најскапата куќа во изминатите шест месеци продадена била на Савски венац за неверојатни 3,8 милиони евра, а токму во таа општина се наоѓа и најскапо продаденото гаражно место, вредно 66.000 евра.
Кога станува збор за деловен простор, највисока цена по метар квадратен била достигната во Белград и изнесувала 5.684 евра, додека пак најскапиот деловен простор вкупно продаден е за 2,4 милиони евра во Крагуевац.

Најскапото земјоделско земјиште во Србија во првите шест месеци од 2025 година било продадено на територија на општина Кула за 1,2 милиони евра, пренесува „Бизнис Курир“.







