Мртво бебе пронајдено во отпад во Германија

Макфакс

25/11/2025

20:57

234

Големина на фонт

а а а

Во постројка за селекција на отпад во германскиот град Бремен утрово е пронајдено тело на мртво бебе, пренесе германскиот портал Stern.de. Телото околу 9:10 часот го забележал вработен кој работел на обработка на отпадот во индустриската пристанишна зона, потврди полицијата.

Новинар на германската новинска агенција ДПА навел дека на локацијата набргу по пронаоѓањето пристигнало возило од погребна служба. Идентитетот на детето, околностите на смртта и информациите за можните родители засега не се познати.

Властите отворија истрага за да утврдат под кои околности бебето завршило во отпадот и дали било живо кога било оставено во контејнерот. Полицијата соопшти дека засега не може да изнесе никакви заклучоци за можно кривично дело.

Местото на настанот се наоѓа во деловна зона на индустриските пристаништа северно од реката Везер. Според снимките од локацијата, станува збор за простор каде што има комерцијален отпад, вклучувајќи градежни материјали и пластика. Во близина се наоѓаат и други индустриски објекти, меѓу кои челичарница и градилиште на тунелот за автопатот А281