[ВИДЕО] Руни смета дека Сити е оштетен: Тоа беше чист пенал

Дерби

23/11/2025

11:58

239

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити доживеа пораз на вчерашното гостување кај Њукасл, а и овој натпревар не помина без контроверзи во однос на судиските одлуки и донесе сериозно незадоволство кај Пеп Гвардиола и неговите фудбалери.

Членовите на Сити беа лути поради тоа што сметаа дека имало прекршок над Донарума во акцијата во која Барнс го постигна вториот гол за Њукасл, но сериозна дебата предизвика и моментот во кој гостите бараа пенал за стартот на Шар над Фоуден.

Фоуден упати непрецизен удар, по што беше собран од Шар со погруб старт од дозволеното, но судијата и ВАР собата останаа неми. Вејн Руни како еден од стручните коментатори на „Би-Би-Си“, потенцирал дека Сити требало да добие пенал.

– Мислам дека ова беше пенал.

– Судијата можеби се ослони на фактот дека Фоуден шутираше пред контактот, но стартот на Шар влијаеше и на поставеноста на Фоуден, а потоа имаше и сериозен контакт кој е прекршок, – рекол Руни.

Во студиото биле и Џонатан Вудгејт и Мика Ричардс, при што првиот сметал дека немало пенал, додека Ричардс проценил дека ситуацијата не била убедлива за да иницира реакција од ВАР собата.