Ферстапен победи во Лас Вегас, Норис ја зголеми предноста во однос на Пјастри

Дерби

23/11/2025

09:14

191

Големина на фонт

а а а

Макс Ферстапен успеа да стигне до првото место во поредокот на Ф1 трката во Лас Вегас уште на почетокот и ја задржа таа позиција до крајот на натпреварот.

Возачот на Ред Бул забележа уште една победа во финишот на шампионатот, додека Ландо Норис иако не ја претвори пол-позицијата во победа, може да биде задоволен и со второто место.

Членот на Мекларен ја зголеми предноста во однос на тимскиот колега Оскар Пјастри, кој овојпат мораше да се задоволи со четвртото место и губи чекор во однос на битката за шампионската титула.

Победничкиот пиедестал го затвори Џорџ Расел на Мерцедес, додека неговиот сонародник Луис Хамилтон од опашката стигна до десеттото место како каква таква утеха за катастрофалните квалификации. Од петтото до деветтото место се пласираа Антонели, Леклер, Саинц, Хаџар и Хулкенберг.

Норис има 30 поени повеќе од Пјастри на две трки до крајот и ќе ја потврди титулата уште во Катар ако не загуби повеќе од 5 поени во однос на Пјастри и 17 во однос на Ферстапен.