Тери со посебни пофалби за тројца играчи на Арсенал: Тоа е непробојно трио

Дерби

20/11/2025

12:45

250

Големина на фонт

а а а

Арсенал доби лоша вест за време на репрезентативната пауза и стана јасно дека Габриел ќе биде во аут околу еден месец, пех кој сигурно воопшто не го радува Микел Артета пред згуснатиот период на натпревари.

Стоперот кој игра во страшна форма се повреди на последниот натпревар со Бразил и поради мускулна повреда е принуден да паузира, па повеќе од веројатно е дека неговото место во тимот ќе го заземе летното засилување Москера.

Без него во тимот, Џон Тери смета дека Арсенал губи важен дел од непробојното трио, и тоа пред големото дерби со Тотенхем во битката за Северен Лондон.

– Отсуството на Габриел е голем пех за Арсенал, особено поради натпреварите кои следат. Тој покажа дека е од неверојатна значајност за тимот во двата правци, во одбрана, но и во напад. Постигна неколку голови од прекини и сигурно ќе биде голем минус за тимот на Артета.

– Да бидам искрен, мило ми е што примија два гола од Сандерленд, бидејќи претходно изгледаа премногу силно и речиси неранливо. Нивната дефанзивна поставеност е импресивна, но тоа се должи поради формата на уште двајца играчи.

– Покрај Габриел, тука се и Салиба и Рајс. Рајс е коректор и игра пред двајцата стопери, а тоа трио се претвори во непробојно. Тие се клучни за Арсенал и поради тоа се на врвот на табелата. Затоа велам дека Габриел ќе биде голем минус за Арсенал, особено поради тешкиот период кој следи, – изјави Тери.

Покрај дербито со Тотенхем, Арсенал во наредниот период го чекаат и натпревари со Баерн Минхен, Челси, Брентфорд и Астон Вила.