Нејмар постигна гол после три месеци, па направи наивна глупост и си го упропасти мечот

Дерби

20/11/2025

12:42

248

Големина на фонт

а а а

Нејмар се врати во натпреварувачки ритам и врза трет меч во низа како стартер на Сантош, а иако имаше шанса да биде јунак на својот тим, на крајот го собра и епитетот на трагичар.

Големата ѕвезда одлично реагираше во првото полувреме и го постигна првиот гол од 5-ти август, па првиот погодок по пауза од три ипол месеци го прослави во свој карактеристичен стил, режирајќи и танц на теренот.

После долго време, Нејмар изгледаше како играч кој ужива на теренот, но во моментите кога се чинеше дека Сантош е на пат да врзе втора победа во низа, напаѓачот направи глупост.

Нејмар реагираше наивно во сопствениот шеснаесетник и судијата досуди најстрога казна по ВАР проверката, па така Мирасол израмни на 1:1 во 60-та минута.

Резултатот до крајот не се менуваше и натпреварот заврши 1:1, па иако домашните фанови не беа задоволни од овој исход, Сантош со освоениот бод успеа да избега од опасната зона на табелата.

Бразилскиот великан води грчевита борба за опстанок, а до крајот на сезоната има уште четири кола.