[ВИДЕО] Голем вулкан еруптираше повеќе пати, пепел и чад летаа над 4 километри во висина: Пеколна глетка во Јапонија, земјата се отвори, летовите откажани

Точка

17/11/2025

20:30

534

Големина на фонт

а а а

Вулканот Сакураџима, сместен на западниот јапонски остров Кјушу, во неделата еруптираше неколку пати, исфрлајќи облаци чад и пепел високи до 4,4 километри.

Вулканот, кој се наоѓа на јужниот врв на Кјушу, во близина на градот Кагошима, првпат еруптираше околу 1 часот по полноќ (16:00 GMT во саботата), соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA). Дополнителни две ерупции се случиле околу 2:30 и 8:50 часот наутро.

Ова е прва ерупција што достигнала висина од четири километри или повеќе по речиси 13 месеци, објави новинската агенција „Kyodo“.

Локалните медиуми јавуваат дека околу 30 летови од и до аеродромот во Кагошима биле откажани поради големата количина пепел.

Од "JMA" соопштија дека вулканскиот пепел по последната ерупција се движи кон североисток и се очекува да падне врз Кагошима, како и во соседната префектура Мијаѕаки во текот на неделата.

Сакураџима е еден од најактивните вулкани во Јапонија, а ерупции со различен интензитет се случуваат редовно. Во 2019 година исфрлаше пепел до висина од 5,5 километри.