[ФОТО] Сидни Свини и бујното деколте во прв план: Актерката заблеска во креација која совршено ѝ прилегала

Точка

17/11/2025

14:01

1.365

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Сидни Свини го привлече целото внимание на 16-то издание на „Governors Awards“, во фустан кој го нагласил нејзиното деколте.

Станува збор за креација на „Miu Miu“ украсена со светкави детали. Актерката се одлучила за шминка во природни нијанси и виткана фризура, а изгледот го надополнила со нежен накит.


Многу дами, вклучувајќи ја и Свини, на овој настан се појавија во фустани во бела боја, која очигледно е моден хит оваа есен кога станува збор за гламурозни изданија. Меѓу нив беа и Џенифер Лоренс и Зои Дојч.

Фановите на Сидни сметаат дека ова е едно од нејзините најдобри изданија досега.


„Изгледа како принцеза“, „Многу елегантно“, „Белата боја ѝ прилега совршено“, „Една од најубавите актерки на светот“, „Го одзема здивот“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Доделувањето на „Governors Awards“ го организира Академијата за филмски уметности и науки („AMPAS“) како знак на оддавање чест на луѓето кои придонеле за филмската индустрија и за работата на академијата на кој било начин.

Оваа година наградени беа Том Круз, Деби Ален и Вин Томас, а хуманитарната награда „Jean Hersholt“ ѝ припадна на кантри-легендата Доли Партон, која поради лошата здравствена состојба не можеше да присуствува на настанот.