На 16-тото издание на доделувањето на наградите „Гувернерс“ што се одржа во Лос Анџелес, американската ѕвезда Џенифер Лопез блесна во бајковит фустан и го привлече вниманието на присутните.
Таа носела креација од австралиската дизајнерка Тамара Ралф, чиј црн детаљ во форма на песочен часовник дополнително ја нагласил нејзината беспрекорна фигура и деколте.


Лопез се одлучила за крената фризура и шминка во природни нијанси, а изгледот го надополнила со долги ракавици, накит и чанта.


Наградите „Гувернер“ ги доделува Управниот одбор на Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) за извонреден придонес во филмската индустрија. Меѓу добитниците на овогодишните награди се Том Круз, Деби Ален и Вин Томас.

Покрај Лопез, на настанот присуствувале и многу други познати личности, меѓу кои Аријана Гранде, Луси Лиу, Џереми Стронг, Леонардо Дикаприо, Мајкл Б. Џордан, Миа Гот и Оскар Исак.

Инаку последниот филм што го снимила Лопез беше „Kiss of the Spider Woman“, кој од октомври почна да се прикажува во кината ширум светот. Обожавателите се воодушевени од нејзините актерски способности, а некои дури и ѝ предвидуваат Оскар.