Мирисот на печен костен остана ист, цената порасна тројно

Денар

14/11/2025

20:42

1.206

Големина на фонт

а а а

Секоја есен кога воздухот ќе се стегне, а улиците замирисуваат на печен костен, луѓето во Македонија повторно ја чувствуваат магијата на едно од најтоплите сезонски задоволства.

Само што оваа година тоа задоволство доаѓа со повисока цена – дури 400 денари за килограм. За многумина, тоа е повеќе симбол на инфлацијата отколку на есента.

На зелените пазари, продавачите се жалат дека купувачите ретко земаат повеќе од половина килограм.

„Луѓето сакаат, ама не можат како порано. Земаат по малку, само за мерак,“ вели еден продавач со насмевка, но и со доза на резигнација.

Причината, според познавачите на пазарот, лежи во комбинација од слаб род и зголемени трошоци за транспорт.


„Оваа есен имавме многу дождови во периодот кога костенот зрее, што влијаеше на количината и квалитетот. Дел од бербата пропадна, а увозниот костен е поскап поради високите давачки и горивото“, објаснува еден земјоделски аналитичар.

Тој додава дека поради тоа и трговците морале да ја подигнат цената, за да ја покријат набавката и трошоците.

Во меѓувреме, љубителите на костени не се откажуваат лесно. Се појавуваат импровизирани тезги на секој агол во Скопје, каде што мали хартиени кеси со топол, миризлив костен се продаваат за 100 денари – едвај 100 грама. „Ама вреди“, велат купувачите. „Ова е вкус на детството, не можеш да го пресметаш во пари“.

Економистите, сепак, предупредуваат дека оваа цена не е изолиран случај.

Целосниот текст прочитајте го ТУКА.