[ФОТО] Итно се повлекува овој производ од „Temu“: Децата го обожаваат, а во него најдени опасни материи кои претставуваат ризик по човековото здравје

Точка

07/12/2025

11:02

2.338

Големина на фонт

а а а

„RAPEX“ системот за брза размена за информации за небезбедни производи кои се ставени на единствениот пазар на ЕУ, издал предупредување за неисправноста на детски ранец којшто е повлечен од продажба заради хемиска опасност.

Како што се наведува во соопштението, станува збор за ранец со мотиви на анимираните ликови Лило и Стич. Производот се продава по пат на интернет, особено преку платформата „Temu“ (идентификатор на производот: 601100079730305, датум на произведување: 06.02.2025).


Пластичните материјали на производот содржат прекумерна концентрација бис (2-етилхексил), фталат (DEHP). Овој фталат може да го наруши здравјето предизвикувајќи оштетување на репродуктивниот систем.

Покрај тоа производот содржи и прекумерна концентрација SCCP, измерена вредност: 7668 mg/kg.

SCCP се токсични материи за водните организми при ниски концентрации и се биоакумулираат во дивите животни и човекот, претставувајќи ризик по човековото здравје и животната средина. Долготрајната изложеност на овие супстанции по пат на кожа може да предизвика канцер (доколку е предвиден долготраен контакт со кожата), пренесува српски „Курир“.


Податоци за производот

Производ: Детски ранец.

Име: „Disney Lilo & Stich“.

Број на серија: 005.

Земја на потекло: Непознато.

Вид ризик: Хемиски, животна средина.