Израелски министер: Мамдани е поддржувач на Хамас, ова е срамота

Макфакс

05/11/2025

12:11

207

Големина на фонт

а а а

Социјалистот Зохран Мамдани победи на изборите за градоначалник на Њујорк на локалните избори.

Израелската влада официјално не го коментираше неговиот избор, но веста предизвика жестоки реакции од десничарските политичари и повици Евреите од Њујорк да се преселат во Израел.

Министерот за национална безбедност Итамар Бен Гвир рече дека изборот на Мамдани е „срам што ќе се памети засекогаш“, нарекувајќи го новиот градоначалник „поддржувач на Хамас, отворен антисемит и непријател на Израел“.

Поранешниот израелски амбасадор во ОН и САД, Гилад Ердан, напиша на X дека „противник на Израел, кој нè гледа како геноцидна држава на апартхејдот, сега го води најважниот град во светот, дом на најголемата еврејска заедница надвор од Израел“.

Тој додаде дека тоа е „темен ден“ за секој што ја разбира „важноста на сојузот со Соединетите Американски Држави“.

Поранешниот министер за одбрана и надворешни работи, Авигдор Либерман, напиша на X: „Големото јаболко падна“, нарекувајќи го Мамдани „лицето на тивкиот џихад“. Тој ги повика Евреите од Њујорк „кои го ценат животот“ да се преселат „таму каде што припаѓаат – во Земјата Израел“.