[ФОТО] Другите би изгледале смешно во вакво издание, но таа – како божица! „Дрска“ креација која не открива ништо, а кажува многу

Точка

04/11/2025

08:52

1.692

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на филмот „Django Unchained“ избрала креација за гала вечерта која е сè, само не „игра на сигурно“ – и ризикот ѝ се исплател.

Пред неколку вечери, во Лос Анџелес се одржа веќе традиционалната гала вечер под името „LACMA Art + Film Gala“, која собра голем број филмски ѕвезди.


Сѐ, во согласност со важноста на настанот, беше во знакот на врвниот стил, па многу славни дами носеа тоалети дизајнирани специјално за оваа прилика. Една од најдобро облечените беше актерката Кери Вашингтон, која се појави во ревиски модел што го заслужува целото внимание.

Додека повеќето нејзини колешки се решија за „проверени“ опции – светки, смели изрези, голи фустани – ѕвездата на филмот „Django Unchained“ се осмели за мал моден експеримент со креација со потпис на брендот „Thom Browne“.

Станува збор за фустан од колекцијата за есен 2025, претставена на Њујоршката модна недела во февруари оваа година. Овој софистициран изглед совршено покажува колку безвременската елеганција може да биде свежа и возбудливa.


Колор-блок тоалетата има горен дел во комбинација од темнозелена и светлорозова боја, со висок, затворен околувратник, а здолништето е спој од црна и црно-бела карирана ткаенина. Целиот фустан изгледа како составен од низа сошиени ленти што дијагонално паѓаат по телото.

Префинетата и драматично струкирана креација за Кери Вашингтон ја избрале нејзините стилисти Роб Зангарди и Мариел Хен, а нема дел во кој таа не изгледа одлично – сè на неа е неочекувано, од боите преку карираниот дезен, до „искинатиот“ стил кој е истовремено отмен и малку дрзок.