Сашко Дрвошански, нутриционист: Најдобриот начин да се грижиме за машкото здравје е тоа да го правиме секојдневно

Точка

03/11/2025

11:43

1.227

Големина на фонт

а а а

Сашко Дрвошански е урбан скопски лик добро познат во јавноста, но и во кругот на медицината, како нутриционист, едукатор, хуманист, истражувач, човек кој несебично се вложува со цел светските медицински истражувања, практики но и квалитени производи ни бидат достапни.

Тој е успешен во својата работа, за што потврда е и кредибилитетот и довербата која ја ужива, но истовремено е и човек кој многу внимава на своето здравје, како психичко така и физичко. Во продолжение дознајте како Сашко се грижи за себе и како ќе го одбележи овој Мовембер.

Секоја година, насекаде низ светот, во ноември се одбележува Мовембер – месецот посветен на подигањето на свесноста за машкото здравје. Симбол на Мовембер се мустаќите кои мажите ги пуштаат за суптилно да покажат дека се дел од ова движење. Но Сашко вели дека не пушта мустаќи, туку го одбележува овој месец на поразличен начин – преку кревање на свеста, едукација за значењето на суплементите во исхраната и истовремено со охрабрувачки разговор со блиските.


Постојат повеќе начини да се грижиме за себе, а Сашко покажува дека најдобриот начин е тоа да се прави постојано и секојдневно. Почнувајќи од личната хигиена, преку облеката и јавниот имиџ, па се’ до последното но не и помалку важно, одржување на личното здравје преку здрава исхрана и користење на здрави и квалитетни додатоци во исхраната.

Секое утро му почнува активно со шетање на кучето, туширање, а потоа следи утринското кафе. Секое утро пијам и Шилажит, за поголема енергија, будност и издржливост на напорните обврски во денот и Алое Вера гелот од Натура Терапи за имунитет.


Наместо мустаќи, неговата одлука е постојано да има негувана и средена брада. Па така и овој Мовембер тој ќе остане со неговиот препознатлив имиџ, а иницијативата ќе ја поддржи со тоа што ќе направи стандарден и превентивен уролошки преглед и ќе им препорача на неговите блиски пријатели да го направат истото. За среќа, се’ што му е потребно на Сашко лесно се наоѓа во продавниците на Натура Терапи.

Како некој кој е над 50-тата година, не чека да се појави проблем, туку делува превентивно и ги користи придобивките од природните екстракти и Prostatol Compleks. Следејќи го примерот на Сашко, овој Мовембер Натура Терапи ги поддржува сите мажи и ги охрабрува да се отворат и да разговараат за нивните проблеми, да отидат на превентивен преглед и да се осигураат дека се’ е во ред со нивното здравје.

Комерцијален текст