Уапсени возачи во Македонска Каменица, Крушево и Штип: Возеле пијани и побрзо од дозволеното, а возачот од Крушево предизвикал сообраќајна несреќа и избегал

Макфакс

03/11/2025

11:20

186

Големина на фонт

а а а

Ноќеска, во 00:00 часот на улицата „Самоилова“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Г.И.(30) од с.Дулица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,64 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Ноќеска во 02:43 часот на улицата „Тодор Проески“ во Крушево, полициски службеници го лишија од слобода В.М.(28) од Крушево. Претходно, тој со патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и го напуштил местото. По преземени мерки, тој бил пронајден и било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Вчера во 21:35 часот на улицата „Осоговска“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Т.(23) од село Цера, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

Вчера околу 15:24 на улицата „Железничка“ во Штип, при контрола во сообраќајот со радар, полициски службеници од СВР Штип констатирал дека А.В.(38) од општина Зелениково управувал патничко возило „тојота“ со брзина од 102 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.

По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.