Американската актерска ѕвезда Џенифер Анистон преку социјалните мрежи потврди дека е во љубовна врска со Џим Кертис и ја објави првата заедничка фотографија.
Во описот на фотографијата, на која го прегнува, напиша: „Среќен роденден, љубов моја, сакан“.
Корисниците на Инстаграм во коментари му посакаа среќен роденден и наведоа дека се прекрасен пар.
„Не можам да бидам посреќна за вас. Срцето ќе ми експлодира“, „Прекрасни сте заедно“, „Не можам да опишам колку ми е драго што си среќна, Џен“, се дел од коментарите.
Гласините за нивната врска почнаа да се шират во јули оваа година, кога беа фотографирани на Мајорка. Во август беа забележани на вечера со Кортни Кокс и нејзиниот партнер Џони МекДејд.
Џенифер Анистон зад себе има два брака – со Бред Пит и Џастин Теру. Кертис, пак, од бракот со Рејчел Наполитано има син по име Ејдан.







