„Им честитам на сите кои што се пласираа во вториот круг.
Верувам дека денеска и Куманово и Македонија ќе победат на еден демократски начин“, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ и кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Порача општините и градот Скопје да ги изберат своите идни градоначалници.
„А што се однесува до Куманово, денес е прекрасен ден за гласање.
Очекувам солиден одзив нешто слично како и во првиот изборен круг, а што се однесува до волјата на граѓаните ќе ја видиме вечерва кога ќе се отворат гласачките кутии.
Јас како актуелен градоначалник во оваа прилика само ќе апелирам дека на Куманово и на Македонија им е потребна слога, соживот, разбирање и да продолжи во континуитет да се развива, бидејќи нашиот град тоа го заслужува“, кажа Димитриевски.







