[ВИДЕО] Мајката на Андреј од ДНК со солзи во очите го раскажа моментот кога дознала за трагедијата во Кочани: „Сабајле во 8 часот слушам маж ми со некого зборува во дневната...“

Точка

02/11/2025

15:19

4.867

Големина на фонт

а а а

Мајката на Андреј од дуото ДНК, којшто го загуби животот во кобната несреќа во Кочани, во поткастот на „Слободен печат“ со насолзени очи го раскажа детството на нејзиниот син, како го живеел неговиот живот, но и моментот кога дознала за страшната трагедија.

Анастасија Ѓорѓиеска, во поткастот зборуваше и за хуманоста на нејзиниот син и желба да им помага на другите која ја имал уште како мало дете кога на своите другарчиња им подарувал од своите играчки.

Таа првпат пред камера зборуваше и за денот кога дознала дека нејзиниот син повеќе го нема, детално го опиша моментот кога дознале за пожарот во дискотеката, како и моментите кога со доза надеж го барала својот син на списоците од починатите и преживеаните од трагедијата.

На прашањето на новинарката какви сознанија има за моментите кога нејзиниот син се враќал во дискотеката да спасува деца, Анастасија емотивно раскажа:

„Една новинарка, ќерка на наша многу добра пријателка, во МРТ работи, ги води вестите.. Таа ѝ кажала на мајка ѝ дека го видела Андреја на снимките таму дека се враќал. Сега, малку ми е чудно, поминаа месеци... Од тие што ги спасил мене никој не ми се јави. Од една страна бев горда, од друга страна, како поминува време, сум малку разочарана... Единствено некој кај снаа ми ако се јавил“.