УЕФА на суд ќе докажува дека не ја украла идејата за новата Лига на шампиони?

Макфакс

01/11/2025

10:32

203

Големина на фонт

а а а

Европската фудбалска унија (УЕФА), триумфално ги објави промените во форматот на своите натпреварувања, новите формати што беа лансирани минатата сезона и пофалени пред почетокот на оваа сезона беа помпезно најавени. Но дали идејата за новите формати е на УЕФА или тоа е плагијат. УЕФА се соочува со тужба бидејки го „го украла концептот“.

Наместо 32 екипи, во новиот формат од минатата сеозна се натпреваруваат 36. Наместо осум групи, има една една заедничка табела. Сите екипи играат осум натпревари против осум различни ривали, од кои четири на домашен и четири како гости.

За време на ждрепката се внимава секој тим да игра со два ривали од четири „шешири“, во кои екипите се поделени по квалитет.

На крајот, осумте најдобро пласирани екипи одат директно во осминафиналето, екипите пласирани од 9-то до 24-то место играат за место во осминафиналето, а за екипите пласирани под 24-то место, завршува европската сезона.

На овој начин, УЕФА го зголеми бројот на натпревари од 125 на 189, секако, со што се зголеми заработката од спонзори и продажбата на ТВ права.

И додека УЕФА нè убедува дека овој нов систем е феноменален, се јавија и оние кои тврдат дека новиот систем на УЕФА е плагијат.

Чилеанската компанија „MatchVision“, поднесе тужба против УЕФА, тврдејќи дека Европската фудбалска унија им ги украла авторските права.

Поточно, дека УЕФА го украла концептот што бил заштитен како авторско дело уште во 2006 година од основачот на оваа компанија, Леандро Шара.

Компанијата ја презентирала својата идеја пред УЕФА и ФИФА уште во 2013 година, а ФИФА ја признала оваа компанија како сопственик на интелектуални права.

Шара бара 200.000 евра за себе од УЕФА, а неговата компанија бара 20 милиони евра отштета.

УЕФА, како што се очекуваше, ги отфрли сите овие обвинувања како неосновани и најави дека ќе се бори на суд за да докаже дека е во право