Данела Арсовска повторно во судница, се соочува со вториот напаѓач од инцидентот во Чаир

Макфакс

31/10/2025

10:58

189

Големина на фонт

а а а

Град Скопје сооопшти дека градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, денеска се соочува со вториот насилник кој на 11 јули 2025 година ја нападна за време на увид на терен во Општина Чаир, на локација каде се гради дивоградба спроти полициската станица.

Напаѓачот бил спречен од полицијата пред да се случи физички напад, но, како што наведува Град Скопје, има долга историја на сериозни кривични дела и повеќегодишни затворски казни.

По инцидентот, Министерството за внатрешни работи, врз основа на безбедносна проценка од Агенцијата за национална безбедност, ѝ додели 24-часовна заштита на градоначалничката.

За истиот настан, на 2 септември Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која обвинетиот Сулејман Љамалари беше прогласен за виновен за кривично дело насилство и осуден на две години затвор. Тој, како што велат од Градот, не покажал каење и со своето однесување го исмејувал судот и јавноста.