Глобалниот индекс за мир ги објави најбезбедните земји за патување во 2026 година – долгогодишните фаворити ги нема на листата

Точка

31/10/2025

09:55

1.516

Големина на фонт

а а а

Објавена е листата на најбезбедни светски дестинации за 2026 година, па погледнете каде може да патувате без да чувствувате било каков страв.

Холандија на врвот на листата

Холандија е на врвот на листата за 2026 година, забележувајќи неверојатен скок од 14 место на кое се наоѓала претходната година.

Оваа европска земја е високо оценета поради својот мир, а патниците ѝ дале речиси совршена оцена за здравствената безбедност, вклучувајќи ги и жените, луѓето од други раси и етничките групи, како и LGBT+ патниците.


Австралија и Австрија меѓу првите три

Второто место втора година по ред го држи Австралија. Нејзината безбедност те гарантирана со стабилниот политички систем, ниската стапка на криминал и строгите закони за оружје и биолошка безбедност.

Иако е позната по опасниот див свет, извештајот само попатно ги предупредува туристите на строгите царински прописи.

Големо изненадување е Австрија која дебитирала на листата и веднаш го зазела високото трето место. Таа ја заслужила позицијата „третата најмирна земја на светот“, според Глобалниот индекс за мир. Меѓутоа, патниците се советуваат на внимание поради можни демонстрации во Виена како и внимателност со паричниците во јавниот превоз.

Пад на Исланд и стабилност на Канада

Исланд, којшто се смета за најмирната земја на светот, според Глобалниот индекс на мирот, годинава паднал од првото не четвртото место. Без оглед на прекрасните пејзажи, периодичните вулкански ерупции се наведени како ризик.

Канада е веднаш зад него на петтото место. Иако паднала од третото место, останува највисоко рангирана земја меѓу северноамериканските држави, обожавана поради ниската стапка на криминал, економска стабилност и безбедност во сообраќајот.


Погледнете ја листата на најбезбедни земји за 2026 година:

Холандија
Австралија
Австрија
Исланд
Канада
Нов Зеланд
Обединети Арапски Емирати
Швајцарија
Јапонија
Ирска
Белгија
Португалија
Франција
Велика Британија
Данска


Значаен напредок оствариле Обединетите Арапски Емирати, издигнувајќи се од 18 на 7 место, додека пак Белгија и Франција се нови учесници на листата.

Интересно е тоа што Јапонија е прогласена за најбезбедно место кога станува збор за ниската стапка на криминал. Од друга страна долгогодишните фаворити како Германија, Норвешка, Шпанија и Шведска годинава ги нема на листата.