Герасимовски најави дом за стари лица, зголемување на еднократна парична помош од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите

Макфакс

30/10/2025

12:55

157

Големина на фонт

а а а

„Нашите пензионери конечно добиваат дом за стари лица во Центар. Ова е еден од моите клучни капитални проекти и исполнување на едно од најважните ветувања, да им овозможам достоинствено стареење на нашите постари сограѓани“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски како еден од главните проекти во вториот мандат.

Тој, информираше дека како општина, Центар прв започнал да доделува финансиска поддршка на пензионерите со пониски примања, а во следниот мандат овој надоместок се зголемува од 2.500 на 5.000 денари.

„Продолжуваме со грижата за највозрасните преку проектите „Центар се грижи за возрасните“ и „Итно копче“, како и со организирањето на бесплатни еднодневни екскурзии низ Македонија, за да им овозможиме на нашите сениори дружење, рекреација и активна социјализација. Заедно со пензионерите ја подобруваме нашата општина и создаваме услови за поквалитетен и достоинствен живот, за Центар што го сакаме!“, порача Герасимовски.