Песков: Нуклеарните тестови на Трамп не значат војна

Макфакс

30/10/2025

12:52

211

Големина на фонт

а а а

Кремљ не верува дека започнала нова рунда од трката во вооружување меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Претходно, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нареди итно започнување на тестирањето на нуклеарно оружје и исто така истакна дека САД имаат полигони за тестирање на нуклеарно оружје, а деталите за тестовите ќе бидат објавени подоцна.

„Сè уште не“, изјави Песков пред новинарите кога беше прашан дали изјавите на Трамп за почетокот на тестирањето на нуклеарно оружје може да се сметаат за нова рунда од трката во вооружување.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера објави дека Русија го тестирала подводното возило „Посејдон“ во вторник.

Тој, исто така, на 26 октомври објави дека тестовите на ракетата „буревестник“ се завршени.

Договорот за забрана на нуклеарни тестови во атмосферата, во вселената и под вода беше потпишан во Москва на 5 август 1963 година од претставници на СССР, САД и Велика Британија.