Славната пејачка Селин Дион (57) открила дека во својот дом вградила СОС копче како мера на претпазливост во случај на влошување на нејзината здравствена состојба.
Ѕвездата на светската музичка сцена веќе со години е тешко болна. Таа има ретко невролошко нарушување кое е познато како синдром на вкочанета личност (Stiff-Person Syndrome), а предизвикува благи грчеви и губење на подвижноста. Затоа речиси и да не се појавува во јавноста.

Селин во разговор за „People“ објаснила дека нејзините 15-годишни близнаци Еди и Нелсон, се обучени како да ѝ помогнат во итни ситуации.
„Имаме СОС копче дома и тие знаат како да ме свртат на страна доколку дојде до спазам. Идејата не беше да ги исплашам туку да разберат што да направат доколку ми биде потребна помош“, рекла Дион.
Борба со болеста и живот во сенка со синдромот
Синдромот на вкочанета личност е ретка автоимуна болест на нервниот систем која предизвикува постепена вкочанетост на мускулите, грчеви и болка. Во тешки случаи може да се ограничи движењето и да предизвика опасни напади на спазам.
Пејачката првпат за својата дијагноза проговорела во 2022 година, откривајќи дека болеста е во поодмината фаза и дека значајно ѝ го отежнува секојдневниот живот.
Нејзиниот најстар син Рене-Чарлс (25) и натаму ѝ е поддршка иако повеќе не живее со семејството. Поради здравствената состојба, Селин се повлекла и од сцената.
Последниот концерт го одржала на 8 март 2020 година во Њујорк пред пандемијата на коронавирусот да ја прекине нејзината турнеја. Сепак, последен пат настапила на отворањето на Олимписките игри во Париз во 2024 година кога во чест на Едит Пјаф ја извела легендарната песна „L’Hymne à l’amour“.

Загуба која ѝ го сменила животот
Селин во 2016 година го изгубила сопругот и менаџер Рене Анжелила којшто починал по долга борба со канцер на грлото. Неговата смрт оставила длабока трага на пејачката и нејзините деца, а Селин признава дека никогаш целосно не закрепнала од таа голема загуба.







