[ВИДЕО] Сопственик се пошегувал со своето куче, неговата реакција насмеа милиони

Точка

29/10/2025

22:52

2.419

Големина на фонт

а а а

Преслатката реакција на еден златен ретривер на шегата на својот сопственик го освои интернетот и насмеа милиони гледачи на ТикТок, откако видеото стана вирално.

Краткото видео, кое сопственичката под корисничкото име @yourdressbff го споделила на 25 октомври, прикажува златен ретривер како мирно седи на подот. Нејзиниот сопруг ја држи раката веднаш над неговата глава, преправајќи се дека го гали. Кучето, очигледно збунето, гледа нагоре во исчекување на допир кој никако не доаѓа.

„Мојот сопруг се преправа дека го гали нашиот златен ретривер“, стои во описот на видеото. Откако е објавено, видеото доби повеќе од 3,4 милиони прегледи и над 358.000 лајкови, а илјадници корисници оставиле коментари полни со смеа и сочувство кон збунетото куче.


„Златните ретривери се толку смешни“, напишал еден корисник, додека друг се пошегувал: „Тоа се вика реики за златни ретривери“.

Многумина понудиле духовити објаснувања за збунетоста на кучето:

„Некој вид на ASMR за миленичиња“, „Вашиот златен ретривер е загрижен за менталното здравје на вашиот сопруг“, се само некои од коментарите, пренесува „Newsweek“.

Сочувството, исто така, не изостанало во коментари. „Тоа кутро куче е толку збунето“, напишал еден гледач, а друг додал: „Ние не ги заслужуваме кучињата... Особено лабрадорите и златните ретривери. Со нас се премногу кратко, а остануваат во нашите сеќавања засекогаш. Секој ден со нив е драгоцен“.