[ВИДЕО] Погледнете како возач на „Tesla“ за влакно избегна судир со авион

Точка

29/10/2025

17:56

428

Големина на фонт

а а а

Снимка што брзо се шири по социјалните мрежи прикажува момент на едвај избегната трагедија, кога мал авион принудно слетал на пат, а возач на „Tesla“ успеал да го избегне буквално во последна секунда.

Драматичната сцена се случила во близина на Оклахома Сити (САД). Мал авион бил принуден да се спушти на сообраќајница, а возачот на „Tesla“ успеал да сврти и да го избегне ударот во последен миг. За среќа, нема повредени.

Американското воено воздухопловство потврдило дека се работи за летало „OA 1K Skyraider II“, модифициран земјоделски авион за специјални операции, кој по полетувањето претрпел дефект и бил принуден да слета во поле во близина на градот. При спуштањето зафатил два електрични столба и предизвикал пожар, но двајцата членови на екипажот се во добра состојба.

Клучниот момент снимен од „Tesla Dashcam“

На видеото, кое го објавил самиот возач на својот „TikTok“ профил, се гледа како авион лета ниско над патот, а автомобилот нагло ја врти воланот и го избегнува буквално „за влакно“.

Снимката за кратко време стана вирална и предизвика бројни реакции. Некои корисници тврдеа дека реакцијата ја извршил автопилотот на „Tesla“, но возачот тоа го демантирал:

„Возев рачно, не беше автопилот. Во таа ситуација, FSD (Full Self-Driving) најверојатно ќе задоцнеше“, изјавил тој.

@mtopchian1 That plane looks a bit low to me #plane #crash #planecrash #nationalguard #okc ♬ Sybau - KCK Mixes

Човекот – не софтверот – спасил живот

Видеото повторно ја отвори дебатата за автономното возење, но овојпат одговорот е едноставен: реагираше човекот, а не технологијата.

Возилото поминало без судир, додека авионот се приземјил во поле неколку метри подалеку. Причината за дефектот сè уште се истражува, а американските власти спроведуваат детална техничка анализа за да го утврдат точниот тек на настаните.