Се предвидува дека претстојната зима би можела да биде сурова во Македонија. Тоа е период од годината кога патиштата често се замрзнуваат, што може да создаде големи проблеми за возачите.
Меѓутоа, решението се крие во вашата кујна, а од непријатни ситуации може да ве извлече, ни помалку ни повеќе, сода бикарбона. Половина килограм од оваа намирница во маркетите не чини ни 100 денари, а таа претставува вистинско спасение за возачите во студените зимски денови.
Содата бикарбона е идеална за ситуации кога автомобилот ќе заглави во снег или на мраз, и доволно е малку да се посипе пред погонските тркала. На овој начин се зголемува триењето помеѓу гумата и лизгавата површина, што ќе ви овозможи доволно сцепување за да се извлечете од непријатната позиција.

Корисни се песокот и солта, но сода бикарбона дава уште подобар ефект и при тоа е еколошки поздраво решение. Не ја загадува околината и нема да му нанесе голема штета на вашето возило.
Покрај тоа што може да ве извлече од проблематични ситуации за време на ладните денови, содата бикарбона е одлична и за неутрализирање на непријатни мириси во автомобилот. Со оглед на тоа што зиме автомобилите логично помалку се проветруваат, често се чувствуваат застојани мириси, но спасот повторно лежи во содата бикарбона.
Посипете малку сода бикарбона по седиштата или теписите, оставете да отстои неколку часа (или преку ноќ), а потоа правосмукајте. Автомобилот ќе мириса многу посвежо, без употреба на хемикалии.

Содата бикарбона крие уште еден трик, бидејќи во комбинација со вода може да се направи паста која ќе послужи во случај да ви се заледи бравата на автомобилот. Ефектот нема веднаш да се забележи, но по извесно време ќе го олесни отклучувањето.
Нема дилема дека сега ви е јасно зошто за време на зимските денови мора да имате сода бикарбона при рака во автомобилот. Ви донесуваме и неколку совети како да ја користите.
• Секогаш имајте мала, цврсто затворена кутија сода бикарбона во багажникот или под седиштето.
• Никогаш не ја држете отворена за да не се расфрла по автомобилот.
• Користете ја умерено – не ви треба цела кутија за да се извлечете од снегот.

• Не заборавајте ракавици кога ја посипувате по патот, за да не ви се замрзнат рацете!











