Апасиев за Амар: Брилијантен студент со 9.8 просек што живее со самохрана мајка – хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец

A1ON.MK

29/10/2025

13:49

9.820

Големина на фонт

а а а

Имаш брилијантен млад човек кој живее со самохрана мајка во Чаир и има просек 9.8 на политички студии. Но, сиромаштијата (во која не’ втурнаа да живееме овие транзициски пацови) затропува и на вратата на ова семејство. Па апсолвентот, кој течно говори четири јазици, мора да ги стави студиите во мирување и да почне да работи како градежен работник, на бензиска пумпа, у месара, како хонорарен новинар, диспечер и фриленсер – за да може да преживее и да плаќа сметки, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

„Од паричната награда по победата на Ораторската вечер си го купува првиот лап-топ у животот и машина за миење садови на Мајка му (која го израснала во начитан, културен и воспитан Човек).

Му пука филмот од трулото општество и решава политички да се ангажира, ама не се шитнува на ВМРО-СДСМ шемата за да го вработат на државно. Го одбира потешкиот пат, па учествува во градењето на нова неискварена левичарска Партија, на која подоцна и станува портпарол.


И доаѓа привилегиран примитивец од злосторничкото здружение ДПМНЕ (политиколог од ЕВН, буткан цел живот со врски) и пред цел народ, на наместена утакмица, елитистов му вика на нашиов: – “Тоа е твој хендикеп”!!! Каков хендикеп бе, мамлаз!? Тоа е благословот на левичарите! Што Животот ги направил борци-лавови, а не мачиња со фејкерска напувана ароганција. Ете затоа, ќе тонете секој ден во очите на јавноста. Оти имаме онтологија, знаење и капацитет да го извадиме вашиот гаден лошотилак на ачик, да го видат сите и да се згрозат у секунда. А со зло не можете вечно да владеете. Тоа е космичко правило. И затоа, во недела, нормален урбан скопски свет ќе се поистовети со ова искрено Момче, кое е делегатот на својата намачена генерација, и ќе ви пресуди елегантно. Со пенкало. За вјек и веков. Амин, вели Апасиев.