Јанис Адетокумбо блескаше во победата на Милвоки над Њујорк и беше најдобар поединец на паркетот, но сепак едни негови поени се најдоа во центарот на вниманието и само покажаа зошто судиите во НБА лигата имаат навистина лоша репутација во јавноста.
За разлика од Европа, во Америка не се судат чекори за очигледни грешки и престапи од страна на големите ѕвезди, а најдобар доказ за тоа е ситуацијата од рано утрово.
Адетокумбо буквално имаше мала прошетка на теренот, па иако направи дури шест чекори без да ја тапне топката, судиите не ја прекинаа играта.
Јанис ја истера акцијата до сам крај и успеа да поентира, а социјалните мрежи во Америка вријат од коментари за катастрофалната арбитража во НБА.
– Прошетка на Јанис низ државата Висконсин…, – се дел од коментарите кои се најчести на социјалните мрежи.
Giannis walked across the state of Wisconsin without a travel call 😂pic.twitter.com/JnvQDNOeov
— Bad Sports Refs (@BadSportsRefs) October 29, 2025







