Бербатов со низа совети до Шешко: Треба да вика и да ги пцуе соиграчите

Дерби

29/10/2025

12:00

184

Големина на фонт

а а а

Бенјамин Шешко се избори за стартерско место во Манчестер Јунајтед и ја доби довербата од Рубен Аморим, но словенечкиот напаѓач се уште не работи во посакувана температура и делува играч кој го има истиот проблем како некои претходни центарфори на Манчестер Јунајтед.

Шешко најчесто е отсечен и не добива доволно топки во шеснаесетникот, а бидејќи надвиснуваат се поголеми прашалници околу неговите движења, Словенецот сега доби совет од човек кој исто така минуваше низ сличен период на почетокот на кариерата во Манчестер Јунајтед.

Димитар Бербатов како гостин во подкастот на Рио Фердинанд доби за задача да го коментира Шешко, при што реши да му испорача низа совети на напаѓачот за тоа како треба да ги коригира односите со своите соиграчи.

– Треба да има верба во себе, но треба да биде и арогантен и постојано да ја бара топката кога ќе истрча во празно. Кога не се случува тоа, треба да го крене гласот и јасно да им го каже тоа на соиграчите. Ако го направи тоа, соиграчите ќе сфатат дека тој е тука за нив.

– Треба да покаже и бес, да вика, па дури и да ги пцуе соиграчите ако е потребно. На теренот ништо не се сфаќа лично, но мора да им покаже на соиграчите дека тој е на теренот за нив. Треба да добива топки во опасната зона и само така ќе почне редовно да постигнува голови. Треба да комуницира со соиграчите, на теренот, но и пред натпреварите и на полувремињата. Понекогаш, потребно е да покажете и агресија и наметливост во односот со соиграчите, – изјави Бербатов.