[ВИДЕО] На овој остров доаѓаат само научниците и војската – таму живее едно од најопасните суштества на светот

Точка

28/10/2025

11:17

2.081

Големина на фонт

а а а

Островот на змиите (Ilha de Queimada Grande) е оддалечен 32 километри од крајбрежјето на Сао Паоло. Се протега на површина од 430.000 метри квадратни и речиси да нема посетители, доколку не ги земеме предвид научниците кои секоја година добиваат посебно одобрување за проучување на најбројните жители на ова место.

Повремено го посетува и бразилската морнарица која го одржува светилникот изграден во 1909 година, но и тие за кратко време се повлекуваат.

Развој во изолација

Самото име на островот значи „остров на палењето“ затоа што во минатото имало обиди таму да се развијат плантажи на банани со палење на шумската вегетација.

Сепак, идејата не била реализирана, а денес островот е најпознат по змиите, поточно видот златен поскок (Bothrops insularis) којшто се развива во изолација уште од моментот кога бил одвоен од копното поради порастот на нивото на морето, пред околу 11.000 години.

Златниот поскок се развивал независно од своите предци, што резултирало со специфична адаптација, вклучувајќи исклучително силен отров којшто делува речиси моментално.

Приказната за несреќниот рибар

Загризот од златниот поскок носи околу седум проценти ризик од смртен исход кај луѓето, а пред островот официјално да биде забранет за посета, забележани биле бројни приказни за посетителите кои страдале од смртоносни загризи.

Една од најпознатите, говори за рибарот на којшто му се расипал моторот од чамецот. Во потрага по решение тој тргнал кон островот, односно во неговата внатрешност, несвесен на опасноста која го чека.

Кога чамецот му бил пронајден, рибарот лежел мртов – во крв и прекриен со змиски загризи.


Критично загрозен вид

Во последните 15 години популацијата на змии на островот се намалила за околу 15 отсто дел заради уништување на вегетацијата и болестите, па има меѓу 2.000 и 4.000 единки.

Затоа овој вид се води како „критично загрозен“ на Црвената листа на Меѓународната унија за чување на природата (IUCN).

Покрај златниот поскок на островот може да се најдат и видови неотровни змии како што е Dipsas albifrons.