Формација 4-3-3: Ширер го состави најдобриот тим на колото во ПЛ

Дерби

28/10/2025

10:19

158

Големина на фонт

а а а

Од петокот до неделата се одигра 9.коло во Премиер лигата по кое Арсенал се потврди како лидер на табелата со оглед на тоа што продолжи да победува, а најголемите конкуренти, ривали забележаа порази и тоа Манчестер Сити од Астон Вила (1-0) и Ливерпул од Бренфорд (3-2).

Сега најблиску до „топчиите“ е големото изненадување Борнмут кое ја зазема втората позиција пред Сандерленд и Тотенхем, па слободно може да се каже дека имаме изненадувачка топ 4 табела.

Легендарниот Алан Ширер кој и понатаму е лидер на вечната листа на стрелци во ПЛ од свој, стручен агол го избра најдобриот тим на колото и тоа во формација 4-3-3.

Нема ниту еден играч од Арсенал, Сити, Ливерпул, Челси…имаме три екипи со по двајца претставници (Њукасл, Тотенхем и Астон Вила), плус по еден од Јунајтед, Брентфорд, Борнмут, Сандерленд и Барнли.