Вчера во полицијата во Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект во охридското село Пештани, сопственост на А.П.(44) од истото село.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и од сопственикот, кој вдишал чад и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување помош, соопшти СВР Охрид.
Увид изврши полициска екипа.






