Нема истекување на линдан во ОХИС, чистењето продолжува, велат од Министерството за животна средина

Макфакс

25/10/2025

18:58

242

Големина на фонт

а а а

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека нема никакво истекување на линдан во поранешниот индустриски комплекс ОХИС, реагирајќи на информациите што се појавија во јавноста.

Од Министерството уверуваат дека континуирано се спроведува процесот на чистење на линданот, кој претставува еден од најголемите еколошки предизвици во земјата.

Во средата, на 22 октомври, во вечерните часови бил извршен вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека нема апсолутно никакво истекување на линдан ниту нарушување на безбедноста на локацијата.

Министерството потсетува дека веќе неколку години активно работи на чистење на малиот линдански лот, каде што се постигнати значителни резултати, а паралелно се бараат најсоодветни и одржливи решенија за отпочнување со санација на големиот лот, кој е следната приоритетна фаза.

Министерството нагласува дека останува целосно посветено на транспарентност, редовен надзор и безбедно спроведување на сите активности, со цел создавање почиста, поздрава и побезбедна животна средина за сите граѓани.