Сопругата рекла „Не“ – Бруно одбил 800.000 евра неделна плата

Макфакс

25/10/2025

12:23

974

Големина на фонт

а а а

Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш ужива играјќи за Манчестер Јунајтед, иако резултатите не се онакви какви што можеа и требаше да бидат. Сепак, и покрај сериозните кризи, Португалецот им остана лојален на „Црвените ѓаволи“.

За речиси шест години во црвениот дрес, Бруно помина низ различни фази на Јунајтед: од еуфоријата на Солскјер, преку реконструкцијата на Тен Хаг, до постојаниот притисок на јавноста во очекувањето враќање на старите славни денови.

Во меѓувреме, тој доби понуда каква се добива еднаш во животот, понуда што не се одбива, но…Ал Хилал му понуди дури 800.000 евра неделно ова лето, но Португалецот остана во Англија и покрај ова. „Виновна“ за одлуката да ја одбие понудата била сопругата Ана.

„Првото нешто што ми го кажа беше: Дали постигна сè што сакаше да постигнеш тука со клубот? Таа знаеше дека не го постигнав“, откри Бруно во интервју за „Тајмс“.

Португалскиот ас, наместо да брои милиони на Блискиот Исток, денес против Брајтон (18:30 часот) ќе го одигра својот 300-ти натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед.