Хит во Америка: Потезите на Розие од НБА паркетите кои само ја оправдуваат истрагата на ФБИ

Дерби

24/10/2025

13:44

460

Големина на фонт

а а а

НБА лигата експресно ги суспендираше Чонси Билапс и Тери Розие откако пристигна вест дека тие се уапсени како последица на опфатната истрага на ФБИ, а во јавноста брзо почнаа да се објавуваат и сомнителни видеа од кошаркарот на Мајами.

НБА ѕвездата се сомничи дека била дел од нелегална шема за спортско обложување и имал улога на инсајдер во споделување на важни информации, но јавноста смета дека Розие и самиот бил дел од сомнителни акции на кошаркарскиот терен.

Тери сигурно нема да се врати на НБА паркетите додека не се разјасни целиот скандал кој беше спроведен на виделина од Федералната истрага, но во меѓувреме, во прилог не му одат и видеата кои се шират на социјалните мрежи.

Играчките грешки на Розие сега не изгледаат толку случјано во очите на НБА фановите, а најдобар доказ за тоа е видео компилацијата која стана вирална на социјалните мрежи.

Розие е обвинет за учество во нелегална шема за спортско обложување користејќи информации од НБА, додека Билапс е обвинет во посебно обвинение во кое се терети дека бил дел од широка шема за местење на подземни покер игри поддржани од мафијашки семејства.