Де Зерби ги обвини судиите за поразот во Лисабон

Макфакс

23/10/2025

13:37

167

Големина на фонт

а а а

Олимпик Марсеј доживеа пораз на гостувањето кај Спортинг (2:1). „Лавовите од Лисабон“ славеа по пресврт во последните 15 минути, откако во финишот на првиот дел Марсеј остана со играч помалку на теренот.

Емерсон Палмиери симулираше пенал, кој првично им беше досуден на гостите, но по прегледувањето на ВАР видеото, тој беше поништен.

Бидејќи левиот бек веќе имаше жолт картон, тој доби втор и автоматски исклучување, а во тој момент Марсеј водеше со 1:0.

После тоа, Спортинг ја искористи предноста на теренот и направи пресврт.

Роберто де Зерби, тренерот на Марсеј, ги критикуваше судиите по поразот на неговиот тим.

„Според мене, ја плативме цената за грешките на судијата. Не ми се допадна начинот на кој судеше. Мислам дека судијата не беше на ниво за ваков натпревар. Дали беше премногу тешко да се издржиме? Не, мислам дека дури и со 10 играчи не страдавме толку многу. Немаше многу шанси за гол. Внесоа квалитетни и свежи играчи. Бев доста смирен, дури и со играч помалку. Сепак, тие ги искористија своите шанси.“