Американската актерка Деми Мур е прогласена за жена на годината во новиот издание на американското списание „Glamour“, а за насловната страница позирала во впечатлива модна комбинација.
Имено таа позирала во креација изработена од жица, дизајнирана од Харис Рид. Викторијанската облека послужила како инспирација за ова нејзино издание, кое го надополнила со високи потпетици со платформа од Том Браун и Шопард обетки.
Во интервјуто, Деми Мур, меѓу другото, зборувала за тоа како на 62 години се чувствува поенергично отколку порано.
„Гледам некого како Хелен Мирен и си мислам: „О, Боже, таа има 80 години“. Погледнете колку е динамична и разновидноста на работите со кои се занимава. Тоа ми кажува: „О, сè уште имаме многу да направиме“, рекла Деми.
Инаку оваа година е исклучително успешна за актерката. Го освоила Златниот глобус за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „The Substance“. После тоа, ја освоила наградата „Critics Choice“ и наградата „САГ“ и за прв пат беше номинирана за Оскар.
Иако Мајки Медисон го освои Оскарот, говорот што Деми го одржала на церемонијата за доделување на оваа престижна награда привлече големо внимание. Таа откри дека еден продуцент ја нарекол „актерка за пуканки“, осврнувајќи се на фактот дека таа снима само „лесни“, забавни филмови.