[ФОТО/ВИДЕО] Кино проекција во Лос Анџелес само за храбри: Во салата сите морале да бидат ќелави, ги шишале пред влезот

Точка

22/10/2025

18:00

313

Големина на фонт

а а а

Десетици храбри гледачи стоеле во ред за да си ги избричат главите и да влезат на рана проекција на филмот „Bugonia“ во Лос Анџелес, како омаж на ќелавиот главен лик кој го толкува актерката Ема Стоун.

Публиката добила инструкции да дојде ќелава или да биде подготвена да се шиша пред влезот во киното „Culver Theatre“, каде се одржуваше раната проекција на филмот во режија на Јоргос Лантимос.

Оние кои биле подготвени да се одважат на оваа фризерска трансформација, можеле бесплатно да ја погледнат проекцијата, иако влезниците биле достапни по принципот „прв дојден – прв услужен“.


Фановите не се плашеле да ја изгубат косата како почит кон ликот што го игра Стоун – директорка која е киднапирана и обвинета дека е вонземјанин што има намера да ја уништи Земјата.

Редиците почнале да се формираат уште од 14 часот за проекцијата што започнала во 20 часот. Еден од гледачите, Метју Лопез, изјави за „The Post“ дека не можел да одолее на можноста за бесплатно шишање – особено ако тоа значи дека ќе може да присуствува на рана проекција на долгоочекуваниот филм.

Еден вработен во „Disneyland“ пристигнал на проекцијата со долга коса што ја пуштал повеќе од година и пол – и влегол во кино салата свежо ишишан.

Имало и жени кои се одважиле на промената. Рита Френзел, актерка која често ја бричи главата, дошла на проекцијата со надеж дека ќе добие уште една од своите „редовни“ фризури.

„Сакам да ја видам проекцијата, а исто така сакам и да ми ја избричат главата. Бидејќи косата ми е долга – време е за шишање“, изјавила таа.